Како поминаа последните седум секунди од големото финале на Лигата шампионите, преку коментаторите на Македонија, Словенија, Хрватска и Србија погледнете во продолжение.
Единствениот дебитант на теренот во Келн им одржа лекција за борбеност, истрајност, силен тимски дух и единство во составот, на веќе одомаќинетите екипи од спротивната страна на голот.
Големата победа на Вардар, кој стана европски шампион по триумфот над ПСЖ ги извади скопјани на улица. Низ главниот град на големо се слави.
За кратко време по завршување на финалето во Лигата на шампионите, плоштадот во главниот град беше препавен од десетици илјади фанови кои колективно ја прославија првата Европска титула на Вардар.
Голманот на Вардар Арпад Штербик кој беше прогласен за најкорисен играч на „фајнал фор“ турнирот во Келн од ракометната Лига на шампионите остави простор да ја продолжи кариерата и покрај тоа што неодамна најави „пензионирање“.
Тренерот на Вардар Раул Гонзалес по освојување на шампионската лига рече дека неговиот тим го следела среќа, но дека трофејот во Скопје доаѓа како резултат на напорна четиригодишна работа.
Капитенот на Вардар Стојанче Стоилов беше пресреќен по освојувањето на трофејот европски шампион, прв за Македонија во машкиот ракомет.
Во последните седум секенди Чупиќ успеа да постигне гол и да и ја донесе првата европска титула на Вардар.
Во текот на целиот натпревар нашиот шампиони покажа одлична и дисциплирана игра и на крајот во инфаркт завршницата заслужено стигна до Европската титула.
Црвено-црните пишуваат нова клупска историја, нови рекорди, поставуваат нови граници што во иднина треба да се надминуваат. Само небото е лимит за оваа екипа на Вардар која докажа дека е подготвена и способна за високи дострели.