Ракометарите на Еурофарм Пелистер отпатуваа за Лисабон каде утревечер ќе ги одмерат силите со португалскиот претставник во ЕХФ Лига Европа, Спортинг
Меѓусебната соработка во областа на младите категории и тренерскиот кадар, беа во фокусот на разговорите на челните луѓе на македонската и српската ракометна федерација, на маргините на првиот од двата пријателски натпревари меѓу женските селекции на двете земји што во саботата вечер се одигра во Стара Пазова, соопшти Ракометната федерација на Србија
Европската ракометна федерација (ЕХФ) одлучи на претстојното Европско првенство, на кое пласман обезбеди и македонската репрезентација, право на настап да имаат само ракометари, кои се вакцинирани против коронавирус или го прележале вирусот.
Тимот на Вардар го претрпе петтиот пораз во низа, откако вечерва во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје загуби од Пик Сегед со 27:30.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер и унгарска Татабања вечерашниот натпревар го почнаа со минута молк и почит за трагично загинатите македонски граѓани во сообраќајната несреќа што се случи во Бугарија.
Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ, смета дека е дојдено крајно време да се прекине серијата од четири порази во Лигата на шампионите. Шанса за тоа е реваншот со Пик Сегед кој пред пет дена славеше победа во Унгарија
Македонскиот претставник во ЕХФ Лига Европа, тимот на Еурофарм Пелистер, утревечер во Битола го пречекува унгарскиот тим Татабања во ра,ките на 4. коло
Тренерот на македонскиот ракометен шампион Вардар 1961, Веселин Вујовиќ, оцени синоќа дека падот на играта во второто полувреме на гостувањето во Сегедин е причина за четвртиот пораз во серија на неговите ракометари во рамки на Лигата на шампиони од ПИК Сегед
Продолжи црната серија на ракометарите на Вардар во Лигата на шампионите, откако вечерва загубија од Пик Сегед со 34:31.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер вчеравечер близу Атина ја остварија првата победа во ЕХФ Европската лига откако со 30:27 славеа на гостувањето кај АЕК