Венецуелскиот фудбалер Томас Ринкон одлучи да направи трансфер од италијанскиот шампион Јувентус во редовите на градскиот ривал Торино.

Ринкон една година ќе биде на заем во тимот кој од клупата го води Синиша Михајловиќ, а потоа „биковите“ ќе можат да го откупат неговиот договор за девет милиони евра.

Овој 29-годишен играч за врска во Торино го гледаат како замена за Марко Бенаси, кој направи трансфер во Фиорентина.

Ринкон само шест месеци беше член на Јувентус откако дојде од Џенова, одигра 19 натпревари во сите натпреварувања, но само пет како стартер.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/08/2017 16:49