Најскапиот фудбалер на светот, Нејмар имаше успешно деби за својот нов клуб ПСЖ. Бразилецот синоќа на гостувањето кај Генгамп постигна еден гол и запиша една асистенција во победата на парижаните од 3:0.

За ПСЖ ова беше втора победа на исто толку натпревари од новата сезона во Лига 1 по што заедно со уште четири други екипи има максимални шест бода.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/08/2017 11:53