Фудбалерите на Лацио го освоија Суперкупот на Италија победувајќи го шампионот Јувентус со 3-3 во возбудливиот натпревар на „Олимпико“.

Одлучувачкиот погодок за „небесно-сините“ го постигна Алесандро Мурџа во 92-рата минута. Само една минута пред тоа, Дибала од пенал изедначи на 2-2.

Јувентус беше пред загуба на трофејот сè до 85-тата минута, бидејќи Лацио со головите на Чиро Имобиле во 32-рата и во 54-тата минута имаше предност од 2-0.

Но, Дибала прво во 85-тата минута со одличниот гол од слободен удар, а потоа и од пенал во 91-вата го врати Јувентус во живот. И кога се очекуваше дека натпреварот ќе се игра во продолженија и дека Јувентус ќе се извлече, Мурџа го реши дуелот за големо славење на навивачите на клубот од престолнината.

Серија А стартува следниот викенд, во првото коло Јувентус го дочекува Калјари, а Лацио на „Олимпико“ ќе го нагости СПАЛ.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/08/2017 11:57