Дисциплинската комисија на Шпанската федерација ја изрече казната за Кристиано Роналдо, кој нема да настапи на наредните пет натпревари и тоа на реванш натпреварот против Барселона во супер купот како и на првите четири натпревари од Шпанската Ла Лига каде што Реал Мадрид треба да се сретне со Депортиво Ла Коруња, Валенсија, Реал Сосиедад и Леванте.

Покрај ова, Кристиано Роналдо ќе треба да плати парична казна од 3000 евра, додека Реал Мадрид ќе треба да уплати 1500 евра на сметка на Шпанската федереција.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/08/2017 15:21