УЕФА потврди дека Чедомир Јаневски е нов тренер на Вардар и тој ќе го предводи македонскиот шампион во утрешниот натпревар против Фенербахче во Скопје.

Чедомир Јаневски е новиот шеф на стручниот штаб на Вардар и тој ќе биде на клупата на македонскиот шампион во утрешниот натпревар од плејофот за Лигата на Европа против Фенербахче во Скопје.

Гоце Седловски вчера поднесе оставка на клупата на Вардар, а Јаневски експресно стаса во Скопје и постигна договор со раководството на Вардар, кое беше во трка со времето за да успее да го стави на списокот како нов тренер на македонскиот шампион. УЕФА на нејзината интернет-страница потврди дека мисијата е успешна и дека поранешниот селектор на репрезентацијата на Македонија утре ќе биде на клупата на Вардар во дуелот со Фенербахче.

Јаневски како нов тренер на Вардар ќе биде промовиран вечерва, од 20 часот, на задолжителната прес-конференција пред стартот на натпреварот со Фенербахче. Утре од 20 часот се игра првиот натпревар во Скопје, а реваншот во Истанбул е за една седмица.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/08/2017 13:36