Карлос Бака ќе игра на заем во Вилјареал, соопшти шпанскиот клуб.
Договорот е потврден на официјалниот профил на „Твитер“ на „жолтата подморница“, а Колумбиецот ќе го носи дресот со број девет.
Вилјареал за заемот на Милан ќе му плати 2,5 милиони евра, со можност да го откупи договорот на крајот на сезоната за 15,5 милиони.
Бака официјално ќе биде претставен утре, а во клубот од Шпанија доаѓа бидејќи не се наоѓа во плановите на Винченцо Монтела.
За „росонерите“ одигра 78 натпревари и за тоа време постигна 34 гола.