Пред пеколната атмосефера на Филип II Арената, Вардар неочекувано успеа да го совлада Фенербахче со големи 2:0.
Со добра тактичка поставеност, шансите и надежите за историја на македонскиот фудбал се враќаат во игра.
Вардар во првиот дел имаше добра игра а тоа го покажува и резултатот бидејќи на одмор замина со предност од 1:0 по голот кој го постигна Барсегјан во 12-тата минута.
На стартот на второто полувреме, Турците ја превземаа контролата на играта но Вардарци одиграа беспрекорно во одрбаната. Се до 89-тата минута немаше големи возбудувања на терен кога капитенот на Вардар, Грнчаров доби втор жолт картон а со тоа и црвен поради неспортско однесување.
Неколку минути подоцна по едно недоразбирање во шеснаесетникот на Фенербахче, Топал успеа со глава да ја забие топката во својот свој гол и да постигне ефектен автогол. Нервозата кај турците стана се поизразите па поради груб старт Соуза доби црвен картон во 93-тата минута.
Со повеќе од поволен резултат Вардар наредната недела ќе го игра реванш натпреварот во Турција од 19:30 часот.