Навивачите на Хајдук направија немили сцени на гостувањето кај Евертон, Брага го победи Хафнарфјордир, ПАОК на домашен терен го совлада Естерсунд, а Атлетик Билбао беше подобар од домаќинот Панатинаикос.

Португалскиот клуб славеше на гостувањето во Исланд кај Хапнарфјердир со резултат2-1 (0-1), додека ПАОК во Солун беше подобар од шведскиот Естерсунд со 3-1 (1-1).

Одличен беше натпреварот во Атина, каде што Атлетик Билбао по пресвртот успеа да го совлада домаќинот Панатинаикос со 3-2 (0-1).

Ајакс во Амстердам уште еднаш ги разочара неговите навивачи, по испаѓањето во квалификациите за Лигата на шампионите, овој пат на арената „Јохан Кројф“ славеше Розенборг со 1-0.

Хајдук од Сплит беше поразен на гостувањето кај Евертон со 2-0 (2-0) со погодоците на Мајкл Кин и Идрис Геје во првото полувреме.

Натпреварот го обележија гостинските навивачи кои фрлаа столчиња кон редарите и домашните навивачи, а бидејчи ова не им е прв прекршок, хрватскиот клуб сигурно ќе се соочи со ригорозна казна од УЕФА.

Израелскиот клуб Макаби од Тел Авив ја сочува мрежата на гостувањето кај Алтах во Австрија – 1-0 (0-0), додека Лудогорец беше сигурен пред неговите навивачи против Судува и ја совлада со 2-0 (0-0).

Домжале во Словенија одигра реми 1-1 (1-0) со Олимпик Марсеј, Осиек изгуби од Австрија Виена со 2-1 (1-1), а Салцбург немаше проблеми на гостувањето кај Виторул – 3-1 (3-1).



Автор: Администратор
Објавено на: 18/08/2017 11:43