Мануел Нојер, голманот на Баерн од Минхен, ќе го пропушти натпреварот од првото коло на Бундеслигата против Баер Леверкузен, изјави тренерот на минхенскиот клуб Карло Анчелоти.
Нојер во април ја скрши коската во стапалото и оттогаш работи за враќање, но не е целосно подготвен за натпреварот.
„Мауел Нојер нема да игра денес. Не сакаме да ризикуваме“, изјави Анчелоти за германските медиуми.
Баерн со натпреварот против Баер Леверкузен ја почнува борбата за шестата последователна титула во Бундеслигата, а Анчелоти, покрај Нојер, не може да смета ниту на: Џером Боатенг, Тијаго Алкантара, Хави Мартинес и Џејмс Родригес.
Имаме повредени играчи, но тоа не е голем проблем“, додаде тренерот на Баерн.
Анчелоти на почетокот на неговата втора сезона во Баерн на располагање ќе ги има Давид Алаба и Арјен Робен, коишто закрепнаа од повредите.
„Двајцата се во добра состојба, но денес ќе ја донесам одлуката за составот“, изјави Анчелоти.
Натпреварот меѓу Баерн Минхен и Баер Леверкузен на програмата е од 20.30 часот на „Алијанц арената“.