Златан Ибрахимовиќ закрепнува од повредата и кон крајот на октомври ќе може да игра на натпреварите, соопшти лекарскиот тим кој се грижи за закрепнување на искусниот напаѓач.
Шведскиот фудбалер се повреди во април оваа година, во натпреварот од Лигата на Европа против Андерлехт во дресот на Манчестер јунајтед.
„Златан може и претходно да почне да игра, но нема да ризикуваме. Никогаш не сум видел некој вака брзо да закрепнува. Се наоѓа во неверојатна форма и сигурно ќе може да игра уште долго“, изјави доктор Фреди Фу, кој е задолжен за закрепнување на Златан Ибрахимовиќ.
Првите прогнози беа дека напаѓачот нема да може да се врати на теренот пред јануари следната година, но се чини дека Златан успеа да ја победи медицината.
Се очекува Ибрахимовиќ наскоро да потпише нов договор со Манчестер јунајтед.