Македонскиот фудбалски шампион Вардар вечерва ја создаде историјата на клупскиот фудбал елиминирајќи го турскиот гигант Фенербахче во двобојот за пласман во групното натпреварување од Лига Европа, втор по ранг најсилен европски фудбалските турнир.
Вардарци во текот на првото полувреме беше апсолутно ориентиран кон дефанзивата и успеа да одолее на целосната иницијатива на Фенербахче. Одличниот Гачевски успеа да одбрани неколку фантачни удари на Турците а најголемата прилика ја имаше Ван Перси кога топката веќе беше позади грбот на нашиот голман, но одбранбените фудбалери не дозволија топката да заврши позади голот.
Покуси не остана ни Вардарци кои имаа прекрасна прилика преку Барсегјан но за жал топката заврши само во стативата.
Во второто полувреме, Турците повторно продолжија со иницијативата на теренот а тоа резултираше со погодок во 60-тата минута кога преку нафрлената топка од корнер Неуштатдер среќно го доведе Фенер во водство од 1:0.
Кога се очекуваше притисокот да расте, Вардарци застанаа на нозе, не дозволија да им падне мотивот и моралот а тоа резултираше со израмнувачки гол на Јигаури во 68-та минута кој исто така среќно помина низ нозете на Камени.
До крајот на натпреварот, притисокот и мотивот на Фенербахче целосно опадна па така Вардарци до крајот имаа подобри и поизгледни шанси за гол а по еднаш ја погодија и стативата и пречката за да во судиското продолжение Вардар го даде и победничкиот гол и го клекна Истанбул на колена.
Се на се црвено - црните го покорија Истанбул и ја испишаа новата фудбалска клупска историја!
Радувај се Македонијо, Вардар е во Лигата на Европа!!!