Во Монако се одржа ждрепката за групната фаза на Лигата на шампионите за сезоната 2017/18, а впечатокот е дека групите Ц и Х се најизедначени.

Единствениот претставник од земјите на поранешна Југославија, шампионот на Словенија Марибор е во групата Е со Спартак, Севилја и Ливерпул.

Топките ги извлекуваа Франческо Тоти, легендарниот Италијанец и неодамнешен капитен на Рома, и Андреј Шевченко, освојувачот на Лигата на шампионите со Милан во 2003 година.

Сезоната почнува на 12/13 септември, додека последното шесто коло на програмата е на 5/6 декември. Пласман во нокаут-фазата ќе обезбедат двата најдобри клуба од секоја група.

Двократната последователна титула ја брани Реал од Мадрид, а финалето е на 26-ти мај следната година на Олимпискиот стадион во Киев.

Група А: Бенфика, Манчестер јунајтед, Базел, ЦСКА

Група Б: Баерн Минхен, ПСЖ, Андерлехт, Сетик

Група Ц: Челзи, Атлетико Мадрид, Рома, Карабаг

Група Д: Јувентус, Барселона, Олимпијакос, Спортинг Лисабон

Група Е: Спартак, Севилја, Ливерпул, Марибор

Група Ф: Шахтар Донецк, Манчестер сити, Наполи, Феенорд

Група Г: Монако, Порто, Бешикташ, Лајпциг

Група Х: Реал Мадрид, Борусија Дортмунд, Тотенхем, АПОЕЛ



Автор: Администратор
Објавено на: 25/08/2017 09:18