Македонскиот првак Вардар за прв пат во историјата обезбеди место во групната фаза од УЕФА Европа лигата елиминирајќи го турскиот претставник Фенербахче. Задоволството од остварените резултати го подели и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски.

– Честитки за ФК Вардар, ова е брилијантен резултат, успех за паметење. Навистина треба да бидеме горди на овој успех. Сите заслужуваат пофалба, од фудбалерите, преку стручниот штаб до раководството на клубот – браво за секој што има придонес во овој резултат.

– Полните трибини ова лето и радоста која ја видовме сведочи колку Македонците го сакаат фудбалот, колку на луѓето им значи успехот на нивниот клуб и колкава е вредноста на македонскиот клупски фудбал. Сведоци сме на една фудбалска еуфорија за која многу значајни се и медиумите и навивачите кои создаваат позитивна атмосфера. Среќно во групната фаза, порача Ѓорѓиоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/08/2017 10:43