Македонскиот репрезентативец Енис Барди синоќа во натпревар од 2.коло го постигна својот прв гол за Леванте. Неговата екипа одигра 2:2 со Депортиво на домашен терен.
Гостите имаа водство од 2:0 со головите на Федерико Картабија (5.минута) и на Сиднеи (31.минута). Барди погоди од слободен удар во 35.минута, а конечните 2:2 на дуелот Леванте – Депортиво ги постави Иви од пенал во 83.минута. Две минути подоцна Барди беше заменет, а неговата екипа направи подвиг бидејќи од 76.минута играше со играч помалку поради исклучувањето на Хозе Моралес.
На другите дуели одиграни синоќа: Алавес – Барселона 0:2, Жирона – Малага 1:0 и Лас Палмас – Атлетико Мадрид 1:5. Во петокот: Бетис – Селта 2:1 и Реал Сосиедад – Виљареал 3:0.
Денеска се играат четири натпревари: Еибар – Атлетик Билбао, Еспањол – Леганес, Хетафе – Севиља и Реал Мадрид – Валенсија.