Македонскиот фудбалски репрезентативец Езгијан Алиоски и по вторпат сезоната е прогласен за играч на мечот во Чемпионшип лигата во Англија.
Алиоски во триумфот на Лидс од 2-0 на гостувањето против Нотингем Форест го постигна и деби голот за својот нов клуб, само како круна на претходно извонредната партија во која покрај голот имаше и уште четири шута кон противничкиот гол, четири креирани шанси и 35 прецизни додавања.
Сето тоа не остана незабележано од „Скај спорт“ кој и по вторпат Алиовски го прогласи за најдобар фудбалер на теренот.