Чешкиот напаѓач Патрик Шик кариерата ќе ја продолжи во Рома, соопшти италијанскиот клуб.
Шик до крајот на сезоната во Рома ќе игра како позајмен играч од Сампдорија.
Како што се наведува, Рома за заемот на Сампдорија ќе ѝ плати пет милиони евра, со обврска на крајот на сезоната да го откупи неговиот договор за девет милиони.
Сампдорија со бонусите ќе заработи дополнителни осум милиони евра, а според договорот меѓу клубовите, има право и на финална исплата од најмалку 20 милиони евра во февруари 2020 година.
Шик претходно ова лето беше блиску до трансфер во Јувентус, но не ги помина медицинските прегледи.
Чешкиот фудбалер во Сампдорија дојде минатата година, а во неговата прва сезона во Серија А постигна 11 голови.