Арсенал и Ливерпул постигнале договор за трансфер на Алекс Окслејд-Чемберлен на „Енфилд роуд“, пренесоа британските медиуми.
Како што пренесува Би-би-си, трансферот е вреден 40 милиони фунти
Англискиот репрезентативец еден ден претходно одби да игра во Челзи, и покрај тоа што клубовите постигнале договор.
Чемберлен оваа сезона ги почна сите четири натпревари во Арсенал, иако на менаџерот Арсен Венгер му рекол дека нема да го продолжи договорот.
Окслејд-Чемберлен во август 2011 година од Саутхемптон направи трансфер во Арсенал и одигра 198 натпревари.
Во текот на летниот преоден рок Ливерпул ги доведе: Мохамед Салах од Рома, Ендрју Робертсон од Хал, Наби Кејта од Лајпциг за 45 милиони фунти, како и Доминик Соланке, кој на „Енфилд роуд“ стигна како слободен играч од Челзи откако му истече договорот со тој клуб.
Се очекува Јирген Клоп да доведе барем уште еден играч до истекувањето на преодниот рок, денес на полноќ.