Селекциите на Уругвај и на Аргентина одиграа дерби-дуел во јужноамериканските квалификации за Мундијалот 2018 годна, кој заврши без голови, 0-0.
Пред почетокот на дуелот, кој се играше на стадионот „Сентенарио“ во Монтевидео, двајцата играчи на Барселона и предводници на двете селекции, дадоа поддршка на заедничката кандидатура за организација на Светското првенство 2030 година.
Што се однесува до натпреварот, Аргентина најдобрата шанса ја пропушти во финишот на првото полувреме, кога по двојниот пас на Меси и Дибала, Фернандо Муслера со одлична интервенција ја сочува мрежата на домаќинот.
Муслера беше на висина на задачата и во 58-мата минута, кога ја фати топката по обидот на Меси од слободен удар.
На Аргентина ѝ ремито и беше доволно да се изедначи со Чиле според бројот на бодови, бидејќи актуелниот шампион на Јужна Америка претрпе дебакл на негов терен против Парагвај (0-3).
Артуро Видал постигна автогол, а домаќинот го довршија Виктор Касерес и Ричард Ортиз. Непријатно изненади и второпласираната Колумбија, која против убедливо најлошиот тим во квалификациите, Венецуела одигра 0-0.
Сето тоа го искористи Бразил, кој со победата над Еквадор од 2-0 се смести на првото место. Головите за Бразилците ги постигнаа Паулињо во 70-тата минута и Кутињо седум минути подоцна.
Бразил на првото место има дури 12 бодови повеќе од Колумбија, а Чиле на четвртото и Аргентина на петтото место (кое води во баражот) имаат идентичен број бодови (23). Уругвај им бега само за еден бод.