Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ упати сериозни критики кон Светската фудбалска организација (ФИФА) поради одлуката прекинатиот дуел со Косово во саботата поради невреме, да се доигра следниот ден.

ФИФА најпрво соопштила дека натпреварот нема да се доигра во недела, но изненадувачки за сите, фудбалерите на двете селекции итно биле повикани од своите соби вчера наутро со известување дека средбата ќе се доигра тој ден.

– Добивме информација дека нема да се игра во недела, и затоа нормално малку подоцна си легнавме во саботата, а веќе следното утро те будат како во војска. Секако тоа не е соодветна подготовка за натпревар. ФИФА покажа дека не се грижи за играчите, туку битно и е само да се одигра натпреварот, изјави Модриќ.

Хрватска го доби мечот со 1:0 и е лидер во својата група во квалификациите за СП 2018.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/09/2017 12:18