Францускиот репрезентативец Килијан Мбапе изјави дека „триколорите“ се многу разочарани по ремито со Луксембург и пропуштената можност да направат голем исчекор кон пласман на Мундијалот 2018.
Франција иако важеше за апсолутен фаворит, синоќа во Тулуз со Луксембург одигра само 0:0.
– Разочарани сме многу што пропуштивме шанса да се зацврстиме на првата позиција во групата и да се одвоиме од конкурентите. Многу сме разочарани, но не сме скршени. Сега се враќаме на клупските обврски, а ќе настојуваме д апобедиме во последните две кола од квалификациите и да одиме на Светското првенство, изјави Мбапе.
Франција на дуелот со Луксембург покрај Мбапе во својот состав ги имаше и фудбалските ѕвезди Погба, Гризман, Лемар, Жиру…, но не успеа да го скрши отпорот на противникот.