Фудбалската репрезентација на Македонија во Струмица ги одработува подготовките за дуелот со Албанија од квалификациите за Светското првенство во Русија 2018. Нашиот најдобар тим во рамките од претходното коло во саботата постигна победа над Израел на гости, а и нашиот ривал триумфираше на дуел против Лихтенштајн на домашен терен.
На прес-конференцијата пред натпреварот селекторот на Македонија, Игор Ангеловски истакна: – На последните шест натпревари имаме четири победи, едно реми и пораз од Шпанија. Тоа покажува дека сме во добра форма и дека репрезентацијата е во налет. Мислам дека Македонија ќе го одигра најдобриот натпревар во овие квалификации. Најважно е да дадеме се од себе и да ги освоиме трите бодови. Ние ќе играме офанзивно како и секогаш, ќе одиме да дадеме гол повеќе од противникот, изјави Ангеловски.
Најефикасен во нашата репрезентација во циклусот квалификации е напаѓачот на италијански Палермо Илија Несторовски.
Не очекува важен дуел против Албанија. Се надевам на голема поддршка од македонската публика и дека ќе постигнеме победа и освоиме три бодови. Ова е натпревар како и секој друг, нема посебен притисок. Ние сакаме да победуваме, изјави Нестровски.
Натпреварот Македонија – Албанија се игра вечер во Струмица со почеток во 20:45 часот. Од ФФМ информираа дека за дуелот се веќе распродадени, а ова е натпревар од висок ризик.