Фудбалската репрезентација на Македонија одигра нерешено 1:1 вечерва во Струмица со Албанија во рамките на 8.коло од квалификациите за Светското првенство 2018.

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски имаа поголем посед на топката, создадоа повеќе шанси за гол, но на крајот мораа да се изборат за бод, бидејќи Албанија прва дојде во водство со погодокот на Одисе Роши по еден противнапад во 53. минута.

за 0:1. Македонија и покрај примениот гол продолжи со добрата игра, додека гостите се обидуваа преку контри да го загрозат голот на Столе Димитриевски.

Атаците на македонските фудбалери беа валоризирани во 78. минута кога „резервистот“ Александар Трајковски го искористи пеналот досуден поради игра со рака на еден гостински фудбалер во својот шеснаесетник.

До крајот нашата репрезентација пропушти уште неколку шанси да стигне до втора победа во низа, но обидите на Езџиан Алиоски и Илија Несторовски со одлични интервенции гостинскиот голман Бериша успеа да ги неутрализира.

На крајот двете репрезентации беа наградени со аплаузи од публиката на стадионот „Младост“.

На другите две средби од 8.коло во Г-групата фаворитите вечерва славеа победи: Италија – Израел 1:0 и Лихтенштајн – Шпанија 0:8.

Табела: Шпанија 22 бода, Италија 19, Албанија 13, Израел 9, Македонија 7, Лихтенштајн 0.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/09/2017 10:09