Фудбалерите на Аргентина и на Чиле продолжија со разочарувачки партии во јужноамериканските квалификации за Светското првенство.
Аргентина одигра нерешено со Венецуела 1-1, која е најслабиот тим на табелата, додека Чиле по неуспехот против Парагвај, изгуби и во Боливија (1-0).
„Гаучосите“ одиграа подобра партија од пред неколку дена против Уругвај, но повторно го доведоа пласманот на Мундијалот под знак прашалник.
Аргентина со обидот на Лионел Меси имаше голема шанса да направи пресврт во финишот, но најдобриот фудбалер на Барселона не погоди и Аргентинците останаа на петто место на табелата со 24 бодови (бараж), колку што има и четвртопласираниот Перу, екипата која се наоѓа на последната позиција која значи директен пласман во Русија.
Во следното коло Аргентина ќе игра токму против Перу, кој го совлада Еквадор со 2-1 во гости, но поради жолти и црвени картони остана без неколкумина важни играчи.
За разлика од многу раните циклуси, Чилеанците сега тешко дека ќе стигнат и до баражот бидејќи моментно се шести со 23 освоени бода. Боливија славеше со минимален резултат.
Чиле не би имал ниту ваков учинок бидејќи не ја победи Боливија ниту на домашен терен, но освои бодови од зелената маса поради тоа што гостите во финишот вметнаа играч кој немал право да игра.
Сега Чилеанците ќе имаат дополнителни проблеми пред расплетот во квалификациите – во последните две кола играат против Еквадор и Бразил, но во првиот натпревар ќе бидат лишени од најдобриот играч Алексис Санчес, кој е суспендиран поради црвен картон. Најголемо изненадување во квалификациите претставува репрезентацијата на Перу, која има шанса прв пат да оди на Светското првенство од 1982 година. Во 16-тотот коло го совлада Еквадор со резултат 2-1, и тоа го направи со играч помалку.
Уругвај со 2-1 го совлада Парагвај и се проби на втората позиција со 27 бодови, еден повеќе од Венецуела, која со Бразил одигра 1-1, но сега се наоѓа зад Уругвајците.