Милан одигра катастрофален натпревар и изгуби со 4-1 на гости кај Лацио во Рим што е прв пораз за клубот од Милано откако доведе голем број засилувања во летниот преоден рок.

Леонардо Бонучи, кого „росонерите“ го платија најскапо, изјави дека е разочаран од ваквиот резултат и додаде дека тоа е негова одговорност со цел да пренесе дел од победничкиот дух брз помладите фудбалери во тимот.

„Бевме збунети при првата шанса на Лацио, го примивме првиот гол и потоа колата тргна низбрдо. Ако сакаш да бидеш голем тим, не смееш да си дозволиш да играш вака. Не личевме на себе, не игравме како што знаеме кога ја поседувавме топката, а најмногу потфрливме кога таа беше кај противникот. Разочарани сме, знаеме дека ни недостига нешто за да станеме моќна екипа, а јас и останатите поискусни играчи треба да го пренесеме своето знаење и победничкиот дух врз оние помладите. Мора да бидеме полуди, погладни за игра при секој дуел“, изјави Бонучи по натпреварот.

Милан во четврток го игра првиот натпревар од групната фаза во Лигата на Европа против Австрија во Виена, а во следното коло од Серија А ќе го пречека Удинезе.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/09/2017 14:54