Со осумте натпревари предвидени за вечер ќе стартува групната фаза од елитното фудбалско натпреварување Лигата на шампионите.

Ждрепката сакаше веќе на стартот да се сретната повеќекратните европски шампиони Барселона и Јувентус. На другиот дуел од Д-групата ќе играат Олимпијакос и Спортинг.

Во А-групата играат: Бенфика – ЦСКА Москва и Манчестер – Базел.

Амбициозниот и со звучни имиња засилен ПСЖ ќе игра во Б групата, а настапите ги почнува ма гости кај Селтик, додека Баерн Минехен го пречекува Андерлехт.

Двојки во Ц-групата: Челзи – Карабах и Рома – Атлетико Мадрид.

Сите натпревари почнуваат во 20 часот и 45 минути.

Бранител на трофејот е Реал Мадрид кој оваа сезона ќе има многу силна конкуренција.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/09/2017 09:24