Фудбалерите на Вардар ги прават последните подготовки натпреварот со Зенит, прв од групната фаза во Лига Европа.

Македонскиот шампион веќе ја исполни првата цел и обезбеди историски пласман во групната фаза, но еден од поискусните вардарови фудбалери Никола Глигоров смета дека црвено-црните нема да се задоволат со тоа.

Глигоров очекува да се повтори играта од дуелите пред се со турскиот гигант Фенербахче, која би требало да донесе нов голем резултат.

– Тешко е да се предвиди исход во вакво натпреварување. Понекогаш зависите и од тоа колку противникот ќе ви дозволи да играте, или колку ние ќе му дозволиме нему. Ќе се обидеме да ја наметнеме нашата игра, онаа препознатлива која летово ни даваше резултати. Но. Дали ќе успееме во тоа и дали тоа ќе биде доволно, ќе видиме. Меѓутоа дека ќе го дадеме максимумот и дека ќе се бориме до последниот свиреж, во тоа нема сомнение, изјави Глигоров.

Мечот, Вардар – Зенит ќе се игра во четврток на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје, во терминот од 21:05 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/09/2017 22:18