Шефот на стручниот штаб на Вардар, Чедомир Јаневски после натпреварот истакна дека неискуството, грешките придонесоа за поразот од Зенит Санкт Петербург. Јаневски ја честиташе победата на противникот за која рече дека е сосема заслужена.

„Натпреварот го почнавме што се вели со негатива. Брзо примивме гол, кој што не смеевме да го примиме гол. И кога така ќе се почне, требаше одново да ја градиме играта, а немавме ден. Несреќата да биде таква, примивме уште еден гол кој дополнително ни ја отежна работата. После 0:3 во соблекувалната реков дека мора да се вратиме од почеток, односно средниот ред и нападот да ги имаме поблиску. Во второто полувреме добро почнавме во првите 15 минути, не можам да кажам дека правевме шанси, но имавме неколку закани, удари. И во тој момент кога мислевме дека ќе се вратиме во игра со евентуален гол, ние примаме уште еден гол.

Направивме последна измена, и тој се повреди, и покрај резултатската негатива, ние имавме и хендикеп на теренот. Мислам дека подобриот тим денеска победи заслужено. Треба да извадиме поуки од овој натпревар и да ги корегираме грешките, и на следните мечеви да ни се случуваат вакви работи. Друга работа е што многу од нашите играчи немаат вакво искуство како ова вечерашното. Но, има уште пет натпревари на кои ќе мора да покажеме подобра организација и да почнее да освојуваме бодови“, изјави Јаневски на прес-конференцијата по мечот.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/09/2017 10:55