Со реновирање на стадионот „Младост“ во Струмица Македонија доби уште еден стадион на кој може да се играат натпревари според стандардите на УЕФА и ФИФА.

Реконструкцијата на стадионот е целосна инвестиција на Фудбалската Федерација на Македонија, со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и општина Струмица.

Стадионот „Младост“ сега е репрезентативен терен од висока трета категорија и исполнува услови за квалитетен натпревар од висок ранг и е втор таков стадион во земјава, по арената Филип Втори во Скопје.

Направена е надградба на рефлекторите и осветлување од 1.570 лукса, инсталација за поставување на резервен генератор во случај на снемување на струја, поставена е инсталација на панично осветлување и стадионот е под сите безбедносни стандарди со план за евакуација и сертификат за безбедност согласно законските прописи и правила на УЕФА и ФФМ.

Стадионот доби и две нови трибини Источна и Западна со капацитет од 1.200 нови места за седење, нови ТВ Платформи за комплетен пренос на квалификациски натпревар согласно барањата на УЕФА, а инсталирани се и камери за мониторинг систем за следење на случувања на и вон стадионот, од посебна контролна просторија.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/09/2017 12:29