Македонскиот репрезентативец Енис Барди постигна гол во градското дерби на Валенсија, каде неговата екипа Леванте како домаќин одигра нерешено 1:1 со Валенсија. Барди голот го постигна во 41. минута и со тоа го изедначи резултатот, откако претходно Валенсија поведе преку Родриго во 31. минута.

Македонскиот репрезентативец ги одигра сите 90 минути, а во 37. минута доби и жолт картон. Ова за Барди е втор гол на третиот натпревар одигран во Примера.

Ленавте и Валенсија имаат ист број бодови – 6 и двата тима имаат по една победа и три нерешени резултати. Леванте е на петтото место на табелата, а Валенсија е шеста.

Со натпреварот Леванте – Валенсија беше „отворена“ денешната програма од 4. коло од Примера. Покрај овој дуел попладнево и вечерва играат: Хетафе – Барселона, Бетис – Депортиво и Атлетико Мадрид – Малага.

На вчера одиграниот натпревар Еибар – Леганес 1:0.

Утре играат: Алавес – Виљареал, Гирона – Севиља, Лас Палмас – Атлетик Билбао и Реал Сосиедад – Реал Мадрид, додека последниот дуел од оваа рунда се игра во понеделник Еспањол – Селта.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/09/2017 10:44