Легендарниот англиски фудбалер Алан Ширер упати критики кон менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, нагласувајќи дека „црвените“ не се ништо подобри од пред доаѓањето на Германецот на менаџерската позиција.

– Кога го слушате Клоп ќе добиете впечаток дека од неговото доаѓање во Ливерпул, клубот оди во нагорна линија. Сепак, фактичката состојба е дека Ливерпул под водство на Клоп не е поинаков тим од времето кога тимот беше предводен од Брендан Роџерс. Тимот игра добро во напад, но во одбрана играта не им е многу паметна. Се прашувам што прави Клоп за време на тренинзите и зошто дозволува да се провлекуваат исти грешки секоја следна седмица. Нивната одбрана против Барнли беше смешна, истакна Ширер.

По пет рунди во Премиер лигата, Ливерпул има ефект од две победи, два нерешни исхода и еден пораз со девет постигнати и исто толку примени голови.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/09/2017 11:14