Поранешниот капитен на англиската фудбалска репрезентација Вејн Руни заработи високи казни за возење под дејство на алкохол.

Руни, кој пред извесно време беше фатен како вози во алкохолизирана состојба и тоа дури три пати повеќе од дозволеното, заврши во полициска станица.

На Руни прво му беше изречена парична казна во висина од две недели без плата од клубот, односно околу 300.000 фунти, но судијата во Стокпорт, Џон Темперли, потврди дека таа казна ќе биде заменета со одземање на возачката дозвола во траење од 24 месеци.

Воедно Судот на Руни му изрече и казна општествено корисна работа во време од 12 месеци, односно период во кој ќе треба да одработи 100 часа.

– Сигурно не треба да ви објаснувам дека ова беше сериозен престап. Возевте моторно возило со речиси три пати поголема доза алкохол од дозволеното и имавте сопатник, изјави судијата Темперли.

Адвокатот на Руни објави дека фудбалерот напишал писмо до судот изразувајќи го своето жалење за инцидентот.

– Веќе се извинив на моето семејство, мојот менаџер и на сите во Евертон. Сега се извинувам на сите фанови кои ме следеа цела кариера. Ја прифаќам казната и се надевам дека ќе надополнам преку јавната работа, изјави Руни.

Инцидентот се случи на 1 септември кога Вејн Руни бил сопрен од полицијата во 2 часот наутро додека управувал црна „Буба“ во сопственост на девојка која ја сретнал во барот „Бабл Рум“



Автор: Администратор
Објавено на: 19/09/2017 11:18