Мануел Ноер нема да учествува на ниту еден натпревар за Баерн Минхен до крајот на оваа година. Информацијата беше објавена денес од страна на водечките медиуми во Германија, а потоа потврдена од самиот клуб.

Голманот на баварскиот клуб по вторпат скрши коска на стапалото од левата нога на еден од тренинзите со тимот. Повредата е тешка и го оттргнува чуварот на мрежата надвор од терените најмалку до крајот на годината.

– Ова е ужасна вест за нас. Хируршката интервенција е успешна и сега тоа е најважното нешто. Се надевам дека ќе го видам повторно на голот во јануари, изјави извршниот директор на Баерн, Карл-Хајнц Румениге за официјалната страница на клубот.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/09/2017 19:21