Младиот македонски репрезентативец, воедно и член на сениорската репрезентација Елиф Елмас ќе може да настапува за турскиот гигант Фенербахче.

Светската фудбалска асоциација (ФИФА) ги прифати документите на Фенербахче за регистрација на Елмас, а истите веќе се препратени до Фудбалската федерација на Турција.

Веста ја објави тимот од Истанбул на својата интернет страна.

Елмас на 27 септември ќе наполи 18 години со што ќе стане полнолетен и се очекува оваа година да дебитира на официјален натпревар на Фенербахче.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/09/2017 19:29