Легендарниот италијански тренер Ариго Саки изјави дека за неговиот ученик Карло Анчелоти најдобро би било да го напушти Баерн од Минхен.

Саки го советуваше неговиот земјак да го напушти Баерн во моментот кога незадоволство искажаа ѕвездите на тимот, како Роберт Левандовски, Франк Рибери и други.

„Добро е да се направи промена за Баерн и за Карло. Во текот на стареењето се губат страста и желбата, тоа е животот. Мислам дека екипата го изгуби ентузијазмот. Анчелоти без сомнение е голем тренер, кој стручњак ја освоил три пати Лигата на шампионите. Секаде бележеше успеси“, изјави Саки, кој му беше тренер на Анчелоти во Милан.

Како главен кандидат да го наследи Анчелоти во Баварија се споменува Јулијан Нагелсман, тренерот на Хофенхајм.

Притисокот врз италијанскиот тренер се собра бидејќи многумина сметаат дека Баерн мода да ги доведува најдобрите и најскапите фудбалери на светот, а не играчи кои имаат потенцијал да станат тоа, како што изјави Левандовски.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/09/2017 19:31