Атлетико од Мадрид му понудил на Челзи 55 милиони евра, плус десет милиони од бонуси, за да го врати Диего Коста во јануари следната година, тврдат многубројни шпански медиуми.

Доколку работата се заврши успешно, шпанскиот репрезентативец, роден во Бразил, ќе биде најскапиот фудбалер на сите времиња на Атлетико, пренесува „Марка“.

Челзи нема да има ништо против да го пушти 28-годишниот напаѓач, на кого менаџерот Антонио Конте не смета оваа сезона.

Трансферот на Диего Коста би бил завршен во текот на летниот преоден рок ако Атлетико немаше забрана од ФИФА за регистрирање нови играчи, па ќе мора да го почека почетокот на 2018 година, кога му истекува казната.

Диего Коста по речиси три и пол години се враќа во Атлетико без ниту една минута оваа сезона, поточно 200 дена без официјален натпревар, како што пресметале шпанските медиуми.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/09/2017 19:34