Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер јунајтед, по победата на неговиот тим во дуелот од шеснаесетфиналето на Лига купот, изјави дека англискиот фудбал ништо не би изгубил без ова натпреварување.
„Црвените ѓаволи“ го елиминираа Бартон со 4-1, а Португалецот изјави дека смета дека на играчите повеќе би им користел одмор отколку натпреварите од третокласното клупско натпреварување на Островот.
„Може ли англискиот фудбал да биде подобар без Лига купот? Можеби. Можеби ќе имаме повеќе сила за европската конкуренција.
Генерално, секое натпреварување е важно за Манчестер јунајтед и тоа играчите треба да го сфатат. Мораме да го почитуваме овој турнир и ривалите“, изјави Мурињо.
Јунајтед во четвртото коло на Лига купот ќе се сретне со Свонси, а минатата сезона го освои ова натпреварување со победата од 3-2 во финалето против Саутхемптон.