Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул, изјави дека е разочаран по елиминацијата на неговиот тим од Лига купот на Англија.
Германскиот тренер на гостувањето кај Лестер на теренот изведе комбиниран тим, а по првите добри 45 минути, во второто полувреме целосно потфрлија.
Домашната екипа славеше со 2-0, а интересно е тоа што тие ривали во сабота во Лестер ќе се сретнат во натпреварот од шестото коло на Премиер лигата.
„Во првото полувреме покажавме навистина добар фудбал. Имавме добри моменти. Но фудбалот е игра која се состои од 90 минути“, изјави тренерот на Ливерпул.
„Уморен сум од фактот дека пропуштаме такви шанси за голови како во вчерашниот натпревар. Лестер успеа да преживее бидејќи не бевме доволно ефикасни. Тие до головите доаѓаа премногу лесно“, изјави Клоп.