Македонскиот репрезентативец Енис Барди се повеќе ја ужива довербата на тренерот на Леванте, а симпатиите на навивачите на шпанскиот прволигаш заслужено одат зад неговото име. Во натпреварот против Реал Сосиедад постигна уште еден еврогол од слободен удар со што го запиша третиот гол во четвриот настап за Леванте.

Барди стрелаше во 89 минута, кога од околу 20 метри го матираше гостинскиот голман и го потврди убедливиот триумф на домаќините од 3:0.

Со овие три бода Леванте е пред Реал Мадрид на табелата, на одличното петто место, без пораз, со две победи и три нерешени резултати.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/09/2017 01:32