Фудбалскиот клуб Челзи ја прифатил понудата на Атлетико Мадрид за трансфер на Диего Коста во шпанскиот клуб, пренесе Би-би-си.

Атлетико од Мадрид му понудил на Челзи 55 милиони евра, плус десет милиони од бонуси, а комплетниот трансфер ќе биде објавен во јануари, кога на „јорганџиите“ ќе им истече забраната за трансфери од Светската фудбалска федерација.

Коста во наредните денови ќе ги направи лекарските прегледи и ќе ги договори деталите на соработката со клубот од Мадрид.

Овој 28-годишен фудбалер во 2014 година го напушти Атлетико и направи трансфер во Челзи, каде што во текот на трите сезони беше прв напаѓач на „сините“, но ова лето го изгуби местото во тимот.

Коста поголемиот дел од летото го помина во родниот Бразил и не настапуваше за Челзи во текот на сезоната. Тој за „сините“ одигра 120 натпревари и постигна 59 погодоци.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/09/2017 20:33