Манчестер јунајтед соопшти дека во текот на првата година под раководство на менаџерот Жозе Мурињо остварил рекорден приход од 581,2 милиони фунти.
Јунајтед претходната сезона ги освои Лига купот и Лигата на Европа и со тоа избори пласман во Лигата на шампионите, и покрај тоа што во Премиер лигата заврши на шестото место.
Освен што приходот е зголемен за 13 отсто, Јунајтед, исто така, објави дека добивката пред оданочувањето пораснала за осум отсто, на 39,2 милиони фунти.
Трошоците за вработените пораснале за 14 отсто, на 31,2 милиони фунти, главно поради платите на играчите.
Јунајтед прогнозира приход од 575 до 585 милиони фунти во тековната финансиска година.