Нејмар, фудбалерот на ПСЖ, ќе го пропушти претстојното гостување во Монпелје поради повреда на глуждот, соопшти францускиот клуб.
Бразилецот постигна четири гола и имаше четири асистенции на пет натпревари откако од Барселона направи трансфер во ПСЖ.
Според наводите на француските медиуми, Нејмар ќе биде подготвен за натпреварот против Баерн од Минхен во Лигата на шампионите, кој на програмата е наредната недела.
ПСЖ по првите шест одиграни кола, се наоѓа на првото место на табелата на Лига 1 со 18 бодови, односно има три повеќе од Монако, а пет од Сент Етјен.
Натпреварот меѓу Монпелје и ПСЖ се игра денес, од 17 часот.