Екипата на Сампдорија забележа победа над Милан во првиот натпревар од денешната програма во Серија А. На средбата од 6.коло одиграна попладнево во Џенова, фудбалерите на Сампдорија славеа победа над Милан со 2-0.
Колумбиецот, Естебан Запата во 72-минута и донесе предност на Сампдорија, а Аргентинецот, Рики Алварез во првата минута од судиското дополнение (90+1) го постигна вториот гол.
За Сампдорија ова е трета победа сезонава, додека Милан го претрпе вториот пораз.
Денеска се играат преостанатите седум натпревари, а двојките се: Верона – Лацио, Интер – Џенова, Кротоне – Беневенто, Каљари – Киево (од 15 часот), Сасуоло – Болоња (18 часот) и Фиорентина – Аталанта (20.30 часот).
На првите две места на табелата со по 18 бодови се Наполи и Милан. По нив следуваат, Интер со 13 бода, Рома и Милам имаат по 12, а Сампдорија со 11 е на шестата позиција.