Андреа Ањели, претседателот на фудбалскиот клуб Јувентус, доби едногодишна суспензија поради тоа што недозволено продавал влезници.

Како што наведуваат италијанските медиуми, Ањели е казнет бидејќи продавал влезници на ултранавивачи.

Исто така, фудбалскиот клуб Јувентус е казнет парично со 300 илјади евра.

Обвинителот Џузепе Пекорако од судот на Фудбалскиот сојуз на Италија барал суспензија на две и пол години и казна од 50.000 евра за Ањели.

Тој барал и Јувентус на два натпревари да игра без публика, што било одбиено.

Ањели од неодамна ја врши и функцијата претседател на Европската асоцијација на клубовите.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2017 11:26