Герет Бери, фудбалерот на Вест Бромич албион, испиша страница во историјата на Премиер лигата откако на натпреварот со Арсенал го собори рекордот на Рајан Гигс според бројот на настапи – 633.
Триесет и шестгодишниот Англичанец ја игра неговата јубилејна 20-та сезона во најсилната лига на светот, а до овој натпревар имаше 632 настапи играјќи за Астон вила, Манчестер сити, Евертон и Вест Бромич албион.
Толку настапи има и Рајан Гигс, живата легенда на Манчестер јунајтед, кој до минатиот викенд беше осамен на првото место на вечната листа.
Во Премиер лигата дебитираше уште во мај 1998 година како играч на Астон вила, а е прв играч кој најмалку 600 пати почнуваше натпревар во стартната постава.
Исто така, Бери е играч со најмногу жолти картони во историјата (119), само уште Вејн Руни има троцифрен број јавни опомени (100).
За националниот тим играше 53 пати, а ќе остане запаметен како играч кој го постигна две илјадитиот погодок за „гордиот Албион“.
Вест Бромич албион изгуби од Арсенал со 2-0.