Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан очекува неговиот тим да ја оствари првата победа на гостувањето кај Борусија Дортмунд.

– Време е за прв триумф на „Сигнал-Идуна Парк”. Во добра атмосфера го очекуваме натпреварот. Борудија е силен тим кој има поддршка од неверојатна публика. Никогаш не сме победиле во Дортмунд и сега сме подготвени за овој предизвик, изјави Зидан.

Французинот додаде дека не е загрижен од променливата форма што Реал ја демонстрира на почетокот на сезоната во Примера и нагласи дека средбите во Лигата на шампионите се многу поразлични од домашното првенство.

– Не може секогаш да се биде на високо ниво, но знам дека тимот има квалитет и не сум загрижен. Се надевам дека против силниот противник ќе покажеме што знаеме. Мотивот секако нема да изостане, додаде Зидан.

Натпреварот Борусија Дортумнд – Реал Мадрид во рамките на 2.коло Х-група на Лигата на шампионите се игра вечер со почеток во 20 часот и 45 минути.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2017 13:28