Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21 година, Благоја Милевски денеска го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за квалификациските натпревари со Србија и со Гибралтар.

На списокот на Милевски се наоѓаат 22 играчи, меѓу нив и А репрезентативците Елиф Елмас и Никола Ѓорѓев кои ќе бидат на располагање само за дуелот со Србија.

Милевски упати повик до:

голмани: Филип Илиќ, Душан Ѓорѓев и Боби Целески;

одбрана: Давид Атанаскоски, Алекс Симовски, Костадин Чешмеџиев, Алекса Амановиќ, Јован Попзлатанов, Стефан Костов и Бесарт Кривањева;

среден ред: Лиридан Иљази, Тихомир Костадинов, Енур Тотре, Давор Здравковски, Никола Кулески и Елиф Елмас;

напад: Емил Абаз, Петар Петковски, Селмани Ремзифаик, Бобан Георгиев, Даниел Крезиќ и Никола Ѓорѓев.

Дуелот со Србија е закажан за 6 октомври на тренинг центарот „Петар Милошевски“, додека против Гибралтар е на 10 октомври во Фару. Двата меча се од квалификациите за ЕУРО 2019 во Италија.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/09/2017 12:10