Менаџерот на Њукасл, Рафаел Бенитес утре ќе го предводи својот тим на гостувањето кај Ливерпул во дуел од Премиер лигата, за кој вели дека ќе биде посебен за него.

Шпанскиот стратег беше на чело на „црвените“ во периодот од 2004 – 2010 година. Тој ја освои Лигата на шампионите со Ливерпул во 2005 година.

– Ова е посебен и многу емоционален натпревар за мене. Имам добри спомени. Моето семејство се уште живее во Ливерпул. Тоа е домот мој, но сега треба да бидеме концентрирани и да победиме, изјави Бенитез.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/09/2017 16:51