Актуелниот македонски фудбалски шампион Вардар славеше минимална победа над Шкупи попладнево на арената „Филип Втори“ во последниот натпревар од 9.коло.

Голот вреден три бода за „црвено-црните“ го постигна ерменскиот интернационалец Тигран Барсегјан во 58.минута.

По петтата победа Вардар се искачи на втората позиција на табелата, додека Шкупи остана на петтото место.

Резултати на четирите средби од 9.коло во ПМФЛ одиграни вчера: Скопје – Работнички 0:0,

Пелистер – Шкендија 1:3,

Ренова – Победа 0:0 и

Силекс – Академија Пандев 1:0.

Табела: Шкендија 25 бода (9 натпревари), Вардар 16 (7), Академија Пандев 14 (8), Силекс 13 (9), Шкупи 12 (9), Пелистер 9 (9), Победа 9 (9), Работнички 7 (8), Ренова 7 (9) и Скопје 4 (9).

Поради настапот на репрезентациите во Мундијалските квалификации следува петнаесетдневна пауза во домашното првенство.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/10/2017 23:31